Затворен угостителски објект во Гази Баба - имале гости по 21 часот

Синоќа во 21.50 часот при контрола во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба констатирано е дека локалот работи по дозволеното време и во него се затекнати шест лица кои се лишени од слобода.

Од МВР денеска соопштија дека објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат, а ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега