Застрелан црногорски бизнисмен пред хотел во Белград- пукано од снајпер

Бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ вечерва бил ранет во еден белградски хотел околу 21 часот дознава Курир.рс.

Според првичните информации тој бил погоден во раката и не е во животнозагрозувачка состојба.

Дака по потекло е од Никшиќ, а чето патувал во Белград поради работа.

Во него било пукано од снајпер, додека Дака стоел пред влезот на хотелот во Белград, а по испалување на куршумот, напаѓачот побегнал со автомобил којподоцна бил запален.

Полицијата го пронашла автомобилот во Нов Белград, а пушката била во јагленисаното возило.

Давидовиќ се занимава со продажба на оружје и има силни политички врски, а познат е и како противник на Мило Џукановиќ и финансиер на црногорската опозиција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега