Застрашувачко: Пулмолог објави снимка од белите дробови на 22-годишен пациент

 

Пулмолог од Белград, Дејан Жујовиќ објави снимка од белите дробови на 22-годишен пациент кон е инфициран со Ковид-19.

Видеото го ставил на социјалните мрежи за да ги убеди оние кои не веруваат во постоењето на вирусот и да ги предупреди оти станува збор за опасно заболување. Жујовиќ и самиот бил заразен од ковид-19.

Во конкретниот случај, пациентот има загуба на белите дробови од 50 отсто.

-Вака понекогаш изгледаат белите дробови погодени од короната. Отсега натаму, јас не комуницирам со морони кои го негираат вирусот! Овој пат се потребни луѓе кои се здрави во главата. Држете се на дистанца, со маска каде што не е можно растојание. Контактирајте го вашиот лекар ако не се чувствувате добро. Сум против сите екстремни мерки, како што е полицискиот час. Останете здрави и живи, напиша др. Жујовиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега