Застрашувачко предупредување пристигна од ОН: Ризикот од нуклеарна војна е најголем од времето на Втората светска војна

Ризикот од користење на нуклеарно оружје е на највисоко ниво од Втората светска војна, изјави директорката на Институтот за истражување во разоружувањето при Обединетите нации, Рената Дуан.

Таа нуклеарното оружје со кое што располагаат неколку светски сили го нарече „итен проблем“ кој светот мора многу посериозно да го сфати, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

 

Дуан вели дека сите држави кои што поседуваат нуклеарно оружје моментално имаат активни програми за модернизација на тоа оружје, а „пејзажот“ на контролата на вооружување се менува делумно и поради стратешкото „натпреварување“ на Кина и САД.

 

 

Според нејзините зборови, доаѓа до „ерозија“ на традиционалните договори за контролата на оружјето поради појавата на нови типови на војни во кои се почесто учествуваат вооружени групации и приватни платеници, како и нови технологии кои ги бришат линиите помеѓу офанзивата и дефанзивата.

 

Земајќи го во предвид тоа што преговорите за разоружување се во ќорсокак веќе 20 години, 122 држави веќе потпишаа договори за целосна забрана на нуклеарното вооружување, а Дуан вели дека или тоа го имаат направено од фрустрација, или пак затоа што препознале каков е ризикот од едно такво оружје.

 

„Мислам дека тоа е вистински повик на ризиците од нуклеарната војна, посебно сега кога ризикот од користење на нуклеарно оружје е поголем од било кој момент од завршувањето на Втората светска војна“, изјави Дуан.

 

 

Договорот за забрана за нуклеарното оружје, кое го поддржува и Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје, организација наградена со Нобеловата награда во 2017-та година, засега има 23 од 50 потписи неопходни за договорот да стапи на сила.

 

Сепак, на овој договор жестоко се противат Русија, Кина и САД, како и останатите земји кои поседуваат нуклеарно оружје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега