Застрашувачка порака на Ердоган: Кој ќе тргне против Турција, ќе се врати во ковчег

Претседателот на Туѕрција, Реџеп Тајип Ердоган изјави денескка дека масовното пукање во две новзеландски џамии во кои загинаа 50 луѓе е како дел од поширокиот напад на Турција и се закани дека ќе ги врати назад во ковчег сите кои ќе се обидат да го заземат Истанбул.

Ердоган, кој настојува да обезбеди поддржка за својата исламистички ориентирана АК партија на локалните избори на 31. март, тврди дека нападот во Нов Зеланд е доказ за глобалниот анти-муслимански сентимент.

-Не тестираат од 16.500 километри, од Нов Зеланд, пораки праќаат од таму. Ова не е индивидуален чин, ова е организирано - рекол Ердоган.

Тој кажал дека вооружениот напаѓач ѝ се заканил на Турција и претседателот лично и дека сакал да ја истера Турција од европскиот дел на Турција.

-Овде сме илјадници години и ќе бидеме овде до апокалипса, ако даде Бог - рекол Ердоган на собирот по повод битката на Галиполе во 1915 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2019 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега