Застанале до полициско возило и впериле пиштол - уапсени двајца скопјани

На крстосницата од булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварот „Гоце Делчев“, вчера во 11:05 часот додека полициско возило на службена задача стоело на семафор, и  со кое било транспортирано лицето Џ.Џ. (осомничен за кривично дело „убиство“) од Основниот Суд Скопје 1 кон Затвор-Скопје, до него застанало возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистерски таблици со затемнети стакла. Лицето го отворило предниот прозорец од возилото и вперило пиштол кон полициското возило. Полициските службеници излегле од возило и ги лишиле од слобода М.Т.(25) и Д.Н. (22) и двајцата од Скопје и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

15.09.2018 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега