Засилените сообраќајни контоли не престануваат: Во Скопје вчера санкционирани 284 возачи

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје санкционира  284 возачи, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 35 за неисправни и нерегистрирани возила, 16 за управување под дејство на алкохол, 72 за непрописно паркирани возила и 58 за неносење заштитна маска.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега