Засилени контроли во Скопје, казнети се 152 лица

 
 
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки.
 
„Меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 6 за возење под дејство на алкохол, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 15 за прекршоци што ги чинат пешаците, 43 за непрописно паркирање“- се вели во известувањето на МВР.
 
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

 
21.09.2021 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега