Заразените од коронавирус во САД добиваат лек кој повеќето од нас го имаат дома - лекарите велат дека пациентите се чувствуваат подобро

Пациентите кои поради коронавирусот се сериозно болни во Њујорк, добиваат огромни дози витамин Ц.Ова се прави врз основа на ветувачките извептаи дека им помогнал на луѓето во тешко погодената Кина.

Д-р Ендрју Г. Вебер, пулмолог, рекол дека неговите пациенти на интензивна нега со коронавирусот веднаш добиваат 1.500 милиграми интравенски витамин Ц.

Идентични количини од силниот антиоксиданс повторно се применуваат три до четири пати на ден, рекол тој.

Оваа доза е  16 пати поголема од дневната препорака за витамин Ц и во исхраната од страна на Институтот за здравство, која изнесува 90 милиграми за возрасни мажи и 75 милиграми за возрасни жени.

Инаку клиничкото испитување на ефикасноста на интравенскиот витамин Ц на пациентите кои се заразени со коронавирус почнало на 14. феврари во една болница во Вухан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега