Заразена жена од Загреб била во пошта, а кога завршила работа изјавила: „Имам корона, дезинфцирајте сè“

Една од филијалите на пошта во Загреб денес итно морала да биде затворена откако во неа ‘прошетала’ заразена граѓанка од коронавирусот.

Филијалата на поштата во Загреб е затворена откако во попладневните часови таму влегла некоја жена која што била позитивна на коронавирусот, изјавиле епидемиолозите и додале дека жената требало да биде во самоизолација.

Жената дошла со коверт со лекарска документација, а откако завршила тоа што треба, присутните ги известила дека е заразена од Ковид-19.

„Во околу 9 часот и 15 минути утрово, жента заразена со коронавирус која што требала да биде во самоизолација, дошла во поштата, завршила работа и потоа на сите им кажала дека е позитивна на вирусот и дека треба да ја дезинфицираат поштата.

Ние потоа ја затворивме поштата, почекавме да дојде епидемиолог, ги запишавме сите луѓе кои што беа внатре и и понатаму постапуваме според правилата“ – изјавил Валентино Рајковиќ, начелник на Цивилната заштита во Нов Загреб.

„Кога ќе ја дезинфицираме поштата, епидемиолозите ќе видат што ќе прават со луѓето кои што беа внатре во тој момент, дали ќе ги тестираат или не“ – додал Рајковиќ.

Од Хрватската пошта изјавиле дека поради превентивни причини филијалата е затворена, и дека надлежните се известени.

„Значи, сите мерки се направени превентивно поради сигурноста на нашите вработени и граѓаните“ – изјавиле од Хрватската пошта за медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега