Заразата во Италија започнала од еден човек - градовите пусти, сите се затворени дома, маските се распродадени

Бројот на заразени со коронавирус во Италија надмина над 100, а само во Ломбардија заразени се најмалку 90 лица.

Досега две лица загинаа, 78-годишен маж од Венета и 77-годишна жена од Ломбардија.

Поради новонастанатата ситуација десетина градови се ставени во изолација, па бројни улици денеска биле целосно празни. Училиштата и продавниците нема да работат, граѓаните се советуваат да останат дома, а секој кој нема да се придржува до правилата ќе биде уапсен. Исто така, ако биде потребно, ќе помогне и војската.

Властите во Ломбардија соопштиле дека повеќе случаи на заразени вможе да се поврзани со 38-годишниот Италијанец кој не патувал во Кина, па останува мистерија како се заразил.

Само аптеките останале отворени.

„Сите се плашиме, но се надеваме на најдоброто“, рекла сопственичка на аптека Роса Кавали и додала дека заштитните маски се распродадени, а најбарани се дезинфекциони средства, алкохол и избелувач.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2020 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега