Заради корона вирусот МНР препорачува граѓаните да не патуваат во градот Вухан

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги предупредува граѓаните кои патуваат во НР Кина на опасноста од Коронавирусот, со потекло од градот Вухан, во провинцијата Хубеи.

Заради брзото ширење на вирусот, Министерството препорачува воздржување од патувања во градот Вухан и во поширокиот регион, имајќи ги предвид  и превентивните мерки што ги преземаат кинеските власти, со ограничување на движењето и затворање на железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт.

Граѓаните на Република  Македонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил, beijing@mfa.gov.mk.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега