Запознајте ја најубавата жена за 2021 година: Андреа освен што е убава завршила и тежок факултет, сепак церемонијата не помина без сkандал

Андреа Меза од Мексико е прогласена за најубава жена во светот за 2021 година откако минатогодишниот избор за Мис Универзум беше откажан поради пандемијата со коронавирусот

Андреа има 26 години и по професија е софтверски инженер, и таа е трета Мексиканка во историјата што ја носи титулата најубава жена - нејзините претходници се Лупита Џонс и Химена Наварете.

-Живееме во општество кое напредува час по час. Како што напредуваме како општество, така гледаме и напредок во стереотипите. Денес, убавината е повеќе од изглед. Ако ме прашате, убавината се рефлектира во духот, во срцето и во начинот на однесување. Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не вредите - рече Андреа.

Мисица ја коментираше и состојбата со пандемијата.

- Мислам дека сите ќе поминевме многу подобро на глобално ниво, ако сите земји ги затвореа своите граници на почетокот. Ние не го сторивме тоа и многу животи беа изгубени.

Секако, како и секогаш за време на вакви натпревари, се појавија полемики, па публиката во голема мера е убедена дека „Перу бил ограбен“ и дека нивната претставничка требало да ја земе титулата.

„Таа не ја заслужи круната“, „Имаше и поубави“, велат на социјалните мрежи, додека следбениците на Андреа воопшто не се согласуваат со тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа