Запознајте ја Марија која наполни 115 години - таа е најстариот човек во целиот свет

Марија Брањас Морера е родена во Сан Франциско во 1907 година и се преселила во Шпанија во 1915 година за време на Првата светска војна и непосредно пред епидемијата на шпански грип, според Гинисовата книга на рекорди.

Денес, оваа жена ја носи титулата најстар човек на светот. Живее во Каталонија и вели дека својата долговечност ја припишува на „уредниот живот кој е општествено многу пријатен“.

-Мислам дека долговечноста е да се биде среќен. Среќен и да се има добра генетика, вели таа.

Истакнува дека е важно во животот да се држите подалеку од токсичните луѓе.

И покрај возраста, Морера користи Твитер. Во нејзината биографија има цитат „Стара сум, многу стара, но не сум идиот“.

„Животот не е вечен за никого“, гласи еден од нејзините преведени твитови. „На мои години, новата година е подарок, скромна прослава, нова авантура, убаво патување, момент на среќа. Ајде да уживаме во животот заедно“, рече таа.

На возраст од 115 години и 328 дена од четвртокот, оваа прекрасна баба го презеде рекордот за најстар човек на Земјата, минатата недела по смртта на француската калуѓерка која имаше 118 години.

Морера и нејзиното семејство се преселиле во Шпанија осум години по нејзиното раѓање. Нејзиниот татко се заразил со белодробна туберкулоза при крајот на нивното патување со брод и починал, според Гинис. За време на патувањето, Марија паднала додека си играла со своите браќа, што резултирало со трајно губење на слухот на едното уво.

Таа помина 40 години во брак со шпанскиот лекар Хуана Морета, а според Гинис имаат три деца (веќе починати), 11 внуци и 13 правнуци.

Таа и денес е здрава, изјавија за Гинис нејзините старатели во установата „Резиденција Санта Марија дел Тура“, и е најстарата личност во светот што се заразила со Ковид-19 во 2020 година на 113-годишна возраст.

27.01.2023 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега