Запознајте го новиот Меси - петгодишно момче со неверојатен талент за фудбал

Германската јавност остана без текст откако го запозна малиот 5-годишен Кенан Врабац кој без проблем на еден натпревар на кој играл со деца постари од него постигнал 12 гола.

Ова петгодишно момче без проблем шутира, дава голови, ја води топката, ја смирува, ја подава.... и сите ги воодушевува со својата феноменална игра.

Иако е тешко да се поверува, дефинитвно на светот постои втор Меси. Тренерот на клубот за кој игра малото момче вели дека вакво нешто нема видено во досегашната кариера и животот. 

- Неверојатно е дете од пет години да може да го прави сето ова и да сака се подолго да останува на тренинзите, вели тренерот на генијалецот.

Инаку, откако неколку Германци кои се во водите на фудбалот го погледнале малото момче препорачале да игра за Барселона.

 

најчитано сега