Започна манифестацијата „Звегорска сурва“

 
Под покровителство на Министрството за култура и локалната самоупрва, денеска и утре во селото Звегор, кај Делчево се одржува традиционалната манифестација „Звегорска сурва“.

Манифестацијата започна утрово со обичајот „Сурва нова година“ во кој се вклучени деца кои во групи опремени со суроваски ги гонат селските кучиња извикувајќи „Сурваааа... и одат од куќа на куќа, пеејќи василичарски обредни песни. Домаќините ги даруваат гостите - сурваскари со јаболки, ореви, бонбони, гурабии и други дарови.

Утре е централната прослава на „Звегорска сурва“, кога се прави „Василичарската свадба“. Во неа  учествуваат сите жители на селото, но главни актери се зетот, невестата, кумот и сватовите, кои маскирани одат по улиците низ селото и ги посетуваат сите домаќинства на кои им ја честитаат Новата (сурва) година и им делат благослови за добро здравје, ксмет и бериќет. Домаќините, пак, ги почестуваат со грејана домашна ракија, свинско месо, сирење и им ги полнат торбите со грав, компири, суви пиперки и други прехранбени артикли. Од собраните дарови се подготвува „василичарска свадбена трпеза“ за сите учесници и гости на манифестацијата.

 
Во рамките на музичката програма на „Звегорска сурва“ се одржува своевидна смотра на дувачки оркестри, пејачки и играорни групи, а манифестацијата продолжува на сред село со општонародна веселба и завршува во доцните вечерни часови со визите по домовите на оние што го носат името Васил, Васе, Васко, Василка, Васа, Васко.
 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега