Официјално започна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Гласањето ќе се одржи по новогодишните и божикните празници, на 11 јануари 2026 година.
Согласно Роковникот за изборни дејствија, кампањата за првиот круг започна на 22 декември на полноќ и ќе трае до 9 јануари, кога стапува на сила изборниот молк пред денот на гласање.
Во општина Гостивар, за градоначалничката функција ќе се натпреваруваат Невзат Бејта, кандидат на коалицијата „Вреди“, и независниот кандидат Ваљбон Лимани од НАИ.
Во Врапчиште, кандидатската трка ја водат Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири, кој настапува со поддршка од група избирачи.
Во општина Центар Жупа, изборите ќе се одржат со еден кандидат – Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, кој е единствениот пријавен кандидат за градоначалник.

