Започна имплементацијата на проектот во рамки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ наменет за жени

Денес започна имплементацијата на проектот во рамки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ наменет за жени кои во циклус од пет месеци, контунирано ќе се јакнат нивните лични капацитети преку стекнување на основни и напредни знаења и вештини во различни области, клучни за влез на политичката сцена.

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска го отвори настанот со поздравен збор, давајќи целосна поддршка на сите жени.

-Верувам во сите вас, стојам зад вас жените, инвестираме во вашиот капацитет и квалитет затоа што само така, со силни жени ќе возобновиме демократското општество кое во моментот е згазено од партијата на власт. Секоја една е непресушен извор на потенцијал и капацитет-рече Ласовска.

Во дизајнираниот пакет обуки, првиот модул е наречен Политички систем и владеење на правото преку кој учесничките ги анализираа политичките системи кај нас и во рамки на Европската Унија. Професорката Гордана Силјановска Давкова ја оддржа првата обука на жените учеснички на Женската платформа.

-Зборот политика е женски род. Политиката се учи и таа не треба да биде чудовиште, ние жените можеме да ја направиме уметност исто како што од животот правиме уметност на можното уште кога раѓаме деца, изјави Силјановска.

Жените се клучен актер за оддржлив развој на едно општеството, а родовата перпектива е веќе широко препознаена и во рамки на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Жената нема многу слободно време, ама избира да се занимава со политиката. Оваа стимулативна програма ја јакне можноста за кариерен развој на секоја жена од една страна, а од друга страна ја поттикнува да се носи со идните предизвици од нејзино вклучување во политиката- изјави координаторката Ирена Тодороска која заедно со избраните предавачи ќе ги води учесничките во оваа платформа на Унијата на жени.

ВМРО-ДПМНЕ ги сруши стереотипите и предрасудите за жените со самата поддршка за жена-кандидатка за претседателка на изминатите претседателски избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега