Запленет кокаин, приведен дилер од Албанија

 

Приведен дилер од Албанија.

Вчера  околу 17.15 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со ОВР Струга и Регионален центар Запад на патот Граничен премин Ќафасан- Струга запреле возило „голф“ и го привеле Р.К. (23) од Либразд, Албанија, кај кого е пронајдено околу 50 грама кокаин.

Р.К. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега