Во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Штип биле пронајдени две пакувања со бела прашкаста материја, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, случајот бил пријавен на 22 октомври 2026 година во 21:10 часот во СВР Штип од страна на раководството на затворот. По добиената пријава, полициски службеници итно излегле на местото на настанот, ги подигнале пронајдените пакувања и извршиле службени разговори со повеќе лица за утврдување на сите околности.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.


