Запалил трева и предизвикал пожар: Приведен 18-годишен кумановец

На 17.03.2023 година во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.В.(18) од Куманово.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно помеѓу улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово предизвикал пожар, при што била запалена трева.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

17.03.2023 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа