Запалено возилото на дежурниот командир на затворот „Идризово“

Ноќеска 2 часа по полноќ горело возилото на дежурниот командир на затворот „Идризово“, објави Телма. Пожарот се случил на паркингот од затворот.

Ова следува откако пред два дена имаше координирана акција и  се вршеа претреси  во 25 ќелии при што беа запленети дрога, ладно оружје телефони и пари. Дали има некаква поврзаност и дали засегнатите се одмаздуваат за акцијата од МВР не коментираат додека истрагата не утврди кој стои зад пожарот. Потврдија дека на паркингот  на затворот горело возило на вработен кој бил повреден при гасењето.

-Синоќа во 01:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на казнено поправната установа Затвор „Идризово“ на паркингот позади управната зграда било опожарено патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственик на вработен во затворот. Пожарот бил локализиран од страна на бригата за противпожарна заштита и сопственикот, кој при гаснењето на пожарот се здобил со повреди, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Два дена претходно 65 специјалци до Единицата за брзо распоредување и уште 30 полицајци од крим-техника, како и 40 затворски чувари и полицајци упаднаа во затворот. Биле претресувани келии и затвореници и во затворениот дел и меѓу осудениците со доживотни казни за Диво Насење.

Кај еден затвореник биле најдени три ножа, а кај друг имало над илјада евра иако според правилниците било дозволено да имаат најмногу 6.000 денари за цел месец.

 

 

16.06.2022 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега