Западот и Киев сакаат да ги искористат руските милијарди за обнова на Украина

Вашинтон и Брисел сакаат да го искористат запленетиот имот на руските бизнисмени за обнова на Украина, но тоа нема да биде толку лесно.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кажа минатата недела дека санкциите се важни за замрзнување на имотот на руските олигарси, но и за помагање на Украина со запленетите милијарди.

Потоа призна дека одземање на имотот не е толку лесен и веројатно ќе биде долг  тежок процес.

Неговиот коментари пристигнаа откако американскиот претседател Џо Бајден кажа дека побарал од Конгресот да го забрза законот за конфискација и продажба на имотот на руските милијардери.

13.05.2022 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега