Западнонилската треска ја нападна Грција - регистрирани нови четири случаи

Грчките власти регистрираa четири нови случаи на западнонилска треска, објави весникот „Вима“.

Два случаи се констатирани во источниот дел на областа Атика, а други два случаи се регистрирани во Солун.

Се очекува здравствени органи од следната недела да почнат со медицински проверки за откривање на вирусот на западнонилска треска, при што ќе бидат проверувани крводарителите и гостите во реоните зафатени од заразата. 

најчитано сега