Занаетчиите ќе добијат 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

 

На предлог на Министерството за економија Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.

-Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемени од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари. Исто така со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант, соопшти Министерството за економија.

Имено, со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60 проценти од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. Претходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант.

Право на учество ќе имаат занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик кој, според ресорното Министерство, ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.11.2020 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа