Замрзна Осломејско езеро

Екстремно ниските температури кои во кичевскиот регион се спуштаат и до минус 15 степени, придонесоа да замрзне Осломејското езеро.

Од спопртското риболовно друштво (СРД) „Хантер фиш“ сметаат дека рибниот фонд не е загрозен зашто дебелината на мразот не е голема, а и езерото е длабоко.

Според претседателот на Друштвото, Бесмир Елези, очекувано било дека езерото ќе замрзне.

-Беше за очекување поради екстремно ниските температури да замрзне Осломејското езеро. Дебелината на мразот е неколку сантиметри и ако наредните денови се остварат прогнозите на метеоролозите, за очекување е температурите да пораснат што ќе овозможи мразот да се стопи, вели Елези.

Тој е оптимист и посочи дека мразот и да остане подолг период на езерската површина, опасност за рибниот фонд во езерото не постои.

-Бидејќи Осломејското езеро е со длабочина од над 40 метри, тоа овозможува рибниот фонд да биде безбеден. Исто така, големото количество вода и делумното замрзнување, овозможуваат езерото константно да има доволно кислород што придонесува рибниот фонд да биде во добра здравствена состојба. Но, јас очекувам претстојните денови замрзнатата површина полека да се стопи и езерото наскоро да биде без мраз а, рибите да егзистираат без никаков ризик, додава Елези.

27.01.2022 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа