Заменик-градоначалничката на Глина се расплака пред камера: Луѓето за две минути останаа без ништо (ВИДЕО)

Заменик-градоначалничката на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ, заплака пред камерите на загрепскиот портал Индекс.

– Луѓето останаа без сè за две минути. Електрична енергија нема, луѓето имаа полни фрижидери, сега веќе не им останува ништо … – видно потресена рече Бранка Бакчиќ Митиќ.

На Глина и требаат контејнери затоа што обновата ќе потрае долго време, рече таа.

Сите овие луѓе имаат домашни животни, имаат седум крави, живеат од нив, тоа е нивното постоење. Тешко беше да се живее таму порано, пред војната беше богато село, имаше јавно осветлување. Сега нема ништо, како да влегувате во зоната на самракот – рече Бакчиќ Митиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега