Заменети бебиња во болница во Црна Гора: Ни мајката ни медицинската сестра не забележали ништо:

 

Во породилното одделение на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) се случи несекојдневна ситуација – мајка била отпуштена со туѓо бебе.

КЦЦГ соопшти дека во иднина при отпустот, покрај мајката, ќе присуствуваат уште три лица од клиниката – неонатолог и две медицински сестри.

Прв што забележал нешто необично бил таткото, кој видел дека бебето е многу поситно. Кога стигнале дома, мајката на рачето на девојчето забележала дека бројот на нараквиците не се совпаѓа со нејзиниот. Потоа, веднаш се вратиле во болницата, па проблемот е надминат.

КЦЦГ го потврдија случајот. Против одговорните медицински сестри е покрената дисциплинска постапка.

 

 

 

17.05.2018 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега