Заколи за Заев: Готов е

Премиерот Зоран Заев за германски ФАЦ со сигурност тврдеше дека знае како избегал поранешниот премиер Никола Груевски.Заев истакна дека тој се сокрил во багажник, а денеска Груевски се огласи на Фејсбук и распали по Заев, велејќи дека е хај и дека никогаш не седнал во багажник во животот.

 

Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми, напиша Груевски на неговиот профил на социјалната мрежа.

Политичкиот аналитичар Зеколи се огласи по статусот на Груевски и напиша дека Заев е готов.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега