Закерберг во Брисел: ЕК побара саморегулација на содржината, во спротивно ќе следат обврзувачки мерки

Или саморегулација на содржиите во кои има омраза, недозволена содржина или лажни вести или обврзувачки мерки за социјалните мрежи. Ова по состанокот во Брисел со сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг го најави еврокомесарот за индустрија, Тиери Бретон, додавајќи дека имале многу добар дијалог.

– Платформите, особено Фејсбук, имаат очигледна одговорност во однос на нашите сограѓани… и во однос на демократијата. Разговаравме многу… за потребата сега да се ставиме во позиција да ги контролираме сите овие активности. Ако сите платформи кои работат на европскиот континент не интервенираат во случај на злоупотреба, ние ќе бидеме должни да интервенираме построго, предупреди Бретон.

Европската комисија на крајот годината планира да претстави законски инструмент за дигитални услуги. „Актот за дигитални услуги“, според Бретон содржи мерки кои може да бидат обврзувачки. Сепак, тој не даде детали што би значеле овие обврзувачки мерки за социјалните мрежи, само посочи дека Закерберг ја сфатил пораката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега