Захарова веднаш возврати на ударот: Европскиот парламент е спонзор на идиотизмот

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја резолуцијата на Европскиот парламент за прогласување на Русија за државен спонзор на тероризмот, предложи ЕП да се прогласи за спонзор на идиотизмот.

Европскиот парламент денеска усвои необврзувачка резолуција со која Русија ја прогласува за државен спонзор на тероризмот поради воената операција во Украина, произлегува од резултатите од гласањето на пленарната седница во Стразбур.

Во моментов, Европската унија нема никаква правна рамка за класификација на земјите како државни спонзори на тероризмот.

Претходно Парламентарното собрание на НАТО објави документ во кој се препорачува земјите-членки на Алијансата да ја прогласат Русија за терористички режим,пренесе Новости.рс.

23.11.2022 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега