Захарова: Киев ја држи цела Европа во заложништво

Москва и Киев продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, па портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на нуклеарната централа, јавуваат агенциите.

 
Убиствата зад аголот и под превезот на ноќта се карактеристичниот modus operandi, да не речам суштината, на поддржувачите на идеологијата на Бандер, позната уште од Големата патриотска војна“, посочила Захарова, пренесе ТАС С.

Според нејзините зборови, тие сега ги избрале не само народот на Русија и Украина за своја цел, туку ја земаат цела Европа како заложник и очигледно не им е непознато да ја „запалат“ во корист на нивните нацистички идоли.

Захарова рекла и дека ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје секој ден станува сè поопасна поради акциите на украинските вооружени сили.

Таа посочила дека МААЕ редовно испраќа информации од терен и ги разоткрива криминалните дејствија на украинската армија.

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, претходно изјавил дека Русија е подготвена да му помогне на раководството на МААЕ во организирањето на посетата на нуклеарната централа во Запорожје, пренесе РИА Новости.

Претходно денеска украинскиот амбасадор во МААЕ, Евгениј Цимбаљук, изјавил дека руските сили сакаат да предизвикаат недостиг на струја во јужна Украина со гранатирање на нејзиниот нуклеарен комплекс во Запорожје и ја повикал меѓународна мисија да ја обиколи постројката во Запорожје овој месец.

„Ќе ги искористиме сите можни канали на дипломатијата за да ги приближиме МААЕ и ОН во спроведувањето на оваа мисија“, изјавил Цимбаљук за новинарите во Виена.

08.08.2022 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега