Вчера во 22:45 часот во с.Палатица, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода З.Р.(67) од с. Палатица.

Тој бил пријавен од Н.С.(40) од истото село дека околу 18:00 часот во дворот на основното училиште во селото физички го нападнал неговиот 11-годишен син, при што употребил и тврд предмет.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version