Загреб: Вооружен маж се заканувал во средно училиште

 

 

Маж во униформа од обезбедување, со пиштол на појас нервозен влегол и се заканувал во средно училиште во Загреб.

Медиумите од регионот пренесуваат дека маж вработен во фирма за обезбедување, вознемирено влегол во училиштето каде што учел неговиот малолетен син. Побарал разговор со класниот раководител, но бил одбиен од страна на дежурна наставичка во тој момент, бидејќи наставата била сеуште во тек. „Ќе го видиш твојот бог“, биле заканите упатени кон наставничката, пишуваат медиумите.

Случајот бил пренесен во полицијата, мажот бил уапсен на домашна адреса. Ноќта ја поминал во полициска станица, каде изјавил дека причина за неговот однесување била упатените закани од ученик дека ќе го тепа неговиот син.

Загрепската полиција соопштила дека кривичната истрага за уапсеното лице е во тек, додека училиштето не сакало да зборува за случајот.

12.05.2023 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега