Загинаа 15 цивили во Харков

 

Петнаесет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во руско гранатирање во регионот Харков, изјави синоќа Олег Синегубов, гувернер на регионот.

Тој во онлајн обраќање рече дека шест лица загинале во и околу Харков, а уште шест во Чугуив, на околу 40 километри југоисточно од Харков.

Синегубов додаде дека три лица загинале и во Золочив, кој се наоѓа северозападно од Харков.

„Ова е тероризам. Тоа се злосторства против човештвото кои мора да бидат казнети“, рече гувернерот.

22.06.2022 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега