Загина возач на магистралниот пат Кичево - Гостивар

Утрово околу 6.35 часот се случила сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

Како што информира СВР Охрид, на местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.

Со  тешки телесни повреди  се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, соопштија од полицијата.

Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.

 

 
 
 
08.08.2022 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега