Загина пешак во Охрид, го прегазил 19-годишен скопјанец

58-годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа откако во него удрил 19-годишник од Скопје.

-Вчера во 18.30 часот, на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило  „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешак М.Т.(58) од Охрид. М.Т. била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите, велат од МВР.

На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега