Загаденоста на воздухот во Скопје неколкупати над дозволеното!

 

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска информираше дека загаденоста на воздухот во Скопје веќе неколку дена е над дозволеното.

Според мерењата на Министерството, во Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош, се измерени вредност од над 180 микрометри на метар кубен што е неколку пати над дозволеното кое изнесува 50 микрометри.

Надлежните информираат дека се преземаат мерки доколку пет дена по ред добиваат информации за зголемен индекс на загаденост во воздухот.

Инаку, општините се во близина на старата „Железарница“ каде во моментов работат повеќе фирми.

04.11.2013 - 14:26
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа