Заев:Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме

Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни, напиша Заев на Фејсбук.

„Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме - патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин.

Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото“ напиша Заев на својот фејсбук профил.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега