Заев зад затворени врати ги преслуша разговорите за „Поткуп"

 

Цели два часа зад затворени врати премиерот Зоран Заев ги преслуша сите 30-тина телефонски разговори и смс пораки поврзани со судскиот предмет Поткуп. Поради тајноста на доакзите обезбедени со послебни истражни мерки, јавноста беше исклучена и од денешното рочиште. По завршување на судењето, Заев повторно оцени дека во разговрите нема никакви докази за поткрепа на обвинението, јави Сител.

Нема ништо од обидите за земање поткуп во разговорите, ниту во СМС пораките. Во разговорите има разговори со службеници од општина Струмица, како и со сведокот Иван Николов за да се забрза процесот за купување на земјиште, но не и за поткуп. Сите разговори се преслушани, во нив никој не побара пари и повеќе од јасно е дека се работи за монтиран процес“, изјави премиерот Заев по завршување на рочиштето.

Следното рочиште за Поткуп е закажано за 30 април. Дотогаш се очекува и одлуката на Апелација, дали јавноста ќе ја види целосната снимка од разговорот помеѓу Заев и струмичкиот бизнисмен Иван Николов, кој пред судот сведочеше дека за легализација на градежно земјиште Заев му побарал мито од близу 160 илјади евра.   

 

 

 

16.04.2018 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа