Заев за ВМРО-ДПМНЕ: Од секое дрво кавал не бива

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина во Велес истакна дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, дека опозициската партија нема никаква понуда а продава лажен патриотизам.

- Од секое дрво кавал не бива. Ги знаеме кои се, им понудивме заедно да водиме кога требаше крупните прашања да се решваа. Но не, избегаа, немаа храброст, квази патриотите. Понудив заедно да одработиме за реформите, заедно да одработиме за економијата. Не. И тоа одбија. Затоа што ако влезат заедно ќе се види сета лажна слика на нивниот квази патриотизам. Бегаат и до ден денеска. Знаеме и кои се и какви се и нема да им довозлиме да не вратат назад, затоа што се работи за нашата држава и нашата иднина рече Претседателот Заев.

Ништо не се менува  кај ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие не можат да понудат никаква обвнова, затоа немаат поддршка одраѓаните, порача Заев од граѓанската трибина На прав пат во Велес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега