Заев за употребата на придавката „македонски“: Таа е идентитетска придавка и нашиот идентитет не е спорен

Премиерот Зоран Заев денеска прашан за употребата на придавката „македонски“ во записниците на Мешовитата историско-образовна комисија рече дека таа ниту досега, ниту сега не била проблем.

-Таму како се дискутира од страна на нашите историчари и од бугарските историчари стои – кажал професорот Драги Ѓоргиев „македонските учебници треба да бидат соодвено на тоа поставени... македонскиот јазик треба да реферира соодветно на нашите позиции“ или слично. Тоа го потврди и самиот претседател на Комисијата и тоа е така. Тоа е идентитеска придавка и нашиот идентитет не е спорен и никој пат нема да дозволиме кој било да го оспорува.

Во однос на објавувањето на записниците од средбите рече дека тоа зависи Бугарија, доколку таа се сложи да се објават.

-Ако бугарската страна потврди ние сме подготвени веднаш да ги објавиме самите записници за Цар Самоил, за Свети Кирил и Методиј, за Свети Наум и Климент Охридски. Веднаш сме подготвени да ги објавиме, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа