Заев за средбата со Радев: Сите средби за нашата земја донеле бенефит

Премиерот Зоран Заев и македонската делегација во состав од шефот на дипломатијата, Бујар Османи, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, пристигнаа на Самитот на НАТО во Брисел, каде првпат Македонија ќе учествува како полноправна членка. Таму Заев ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев, а на новинарско прашање за оваа средба тој рече дека од разговорите може да се очекува само исчекор кон подобра иднина.

„Сите средби за нашата земја донеле бенефит. Од разговорите можеме да искечуваме само исчекори кон подобра иднина за целиот македонски народ, за сите наши граѓани, за нашата земја. Јас очекувам дека низ разговори можеме да најдеме решение затоа што навистина е предолго. 20 години со Договор за асоцијација и стабилизација, 16,5 години земја-кандидат. Верувам дека првиот сосед, Република Бугарија, конечно ќе даде поддршка да го направиме следниот чекор, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција“, рече Заев.

14.06.2021 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа