Заев: За шилегов имам само пофални зборови, тој е мојот фаворит за градоначалник на Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов е мој фаворит, но изборот на кандидатите за градоначалник ќе го направат граѓаните, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред Универзалната сала.

„За Шилегов имам само пофални зборови. Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит. За успесите за сите проекти да се изнајдат средства со сите ограничувања и во време на пандемија, и да се испорачаат сите овие успеси е вредно за големо внимание и поддршка. Нашите постапки за избор на кандидати се во летото, јуни, јули, август, крај на септември е кампања. Секако, ќе дадам поддршка на секој успешен градоначалник, вкчлучително и на Шилегов, но постапките во СДСМ се отворени и демократски. Инаку, јас гласам во Струмица, граѓаните на Скопје треба преку истражувачки методи да изразат поддршка за нашите кандидати, да имаме привлечни кандидати за граѓаните да дадат поддршка“, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа