Заев за оставката од премиерското место: Се ќе биде јасно по завршувањето на преговорите со Алтернатива и Бугарија

Претседателот на Владата, Зоран Заев за „ТВ Телма“ не даде конкретен одговор дали ќе се повлече од премиерската функција. Тој изјави дека се зависело од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ“, кажа Заев.

28.11.2021 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега