Заев за обвинувањата на Ла Верита: Да имаше докази целата сила на ВМРО-ДПМНЕ ќе ме осудеше

Под насловот „Купопродажба на гласови во Македонија“, италијанскиот весник Ла Верита објави нова афера – купување на гласови на струмичани за време на парламентарните избори во 2014 кога екс премиерот Зоран Заев беше градоначалник на Струмица, во кое биле вмешани и неговиот брат Вице, но и други две лица, блиски пријатели на семејството Заеви, а сега високи функционери на СДСМ – Марјан Даскаловски и Зоран Георгиев. 

- „Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев за обвинувањата.

Иако, СДСМ не победи на парламентарните избори во 2014, токму тој изборен циклус според Ла Верита, го одбележал почетокот на институционалната криза во Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега