Заев: За компаниите кои ги злоупотребуваат државните средства ќе следуваат санкции- нема да имаат право да аплицираат за антикризните мерки

Компаниите што ги злоупотребија државните пари што им беа дадени како финансиска поддршка од Владата, нема да можат да аплицираат за антикризните мерки, категорични се министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Зоран Заев.

На денешната прес-конференција на која беше презентиран петтиот пакет економски мерки, Бесими и Заев испратија порака дека овие компании ќе одговараат согласно законите.

– Имаме сериозни и чесни компании кои инвестираат, вработуваат придонесуваат и ја ценат сопствената држава, но имаме и такви кои ги злоупотребуваат државните средства и за нив следуваат санкции. Покренати се сите законски постапки. Во таа насока, државата секогаш ќе стои на страната на оние кои работат чесно согласно законот, вложуваат во нови инвестиции и развој, а силно ќе се бориме против злоупотреби и сивата економија, порача премиерот Заев.

Во одговор на новинарско прашање, и министерот за финансии Бесими истакна дека компаниите кои не ги исполниле обврските, нема да имаат право да аплицираат за мерките и оти согласно законите тие ќе одговараат за непостапување во користењето на народните пари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2021 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега