Заев за изјавата на Груби: На крајот ќе се види вистината по рашомонијадата од изјави

По изјавата на Груби дека ветингот на ДУИ нема врска со „метлата" на Заев, се огласи и макдонскиот премиер.

- „Сите коалициски партнери имаме право да си даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината. Артан Груби е пратеник. Тој и пратеничката група ќе се изјаснат. Јас ги повикав да им кажам кои мерки ќе ги преземеме, да си знаат и да си планираат. Немам намера да лицитирам со бројки”, рече Заев коментирајќи јаизјавата на Груби кој претходно денеска порача дека ветингот на ДУИ нема врска со метлата на Заев, пренесе Макфакс.

Инаку, метлата стана актуелна откако на митинг на Пендаровски за претседател во Карпош, Заев зборуваше дека ќе има чистка, а Дац тогаш од публика се симна и му даде метла.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега