Заев за Центарот за македонски јазик во Грција: Еве ги плодовите од Преспа

Судот во Грција ја регистрира невладина организација "Центар за Македонски јазик" (здружение на граѓани), која ќе се грижи за македонскиот јазик, по што се јави поранешниот премиер Зоран Заев.

„Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци.
Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Северна Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји.
 
Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство“, напиша Заев.

29.11.2022 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега