Заев за Анѓушев: Имам разбирање за одлуката да се повлече

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата која ја одржа, истакна дека има разбирање за одлуката на вицепремиерот Кочо Анѓушев да се повлече од политиката.

- Компаниите на Анѓушев имаат потреба од него, за 50 проценти им е падната добивката, а има и државата за да се довршат проектите, ќе имам разбирање за долуката, рече Заев.

Инаку, повлекувањето Анѓушев го најави вчера во гостувањето на Топ тема на телевизијата Телма. Истакна дека каков и да е исходот на изборите на 12. април, се повлекува од политиката, им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што предаваше.

- „Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа не е само заради неучеството на тендерите, туку и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ни една партија, нема да продолжам со политиката во перспектива“, рече Анѓушев во гостувањето.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега